Коста Петров на листата на 30 – те најмоќни луѓе во индустријата за настани во југоисточна Европа

Конгрес, најреномираниот магазин за event индустријата во Европа го прогласи Коста Петров, основач и извршен Директор на Пи Ворлд, за еден од најмоќните луѓе во event индустријата за 2013та година. Коста е единствениот Македонец на листата.

Пи Ворлд е основана во 2010 година и е организатор на најголемите настани за маркетинг и односи со јавноста во светот. Компанијата е присутна во повеќе од 25 земји и редовно соработува со најголемите светски супербрендови како Фејсбук и Гугл.

Пи Ворлд е официјален партнер на престижниот магазин Економист во лАзербејџан а меѓу своите клиенти ги има и владата на Азербејџан. Компанијата неодамна ја креираше и кампањата за односи со јавноста на холивудската ѕвезда Мила Јовович.

„Навистина е огромна чест да се биде дел од оваа листа. Иако само моето име е напишано на листата сепак успехот на Пи Ворлд се должи на макотрпната работа на мојот тим без кој ниеден наш сон немаше да биде реалност”, изјави Коста.

Share This Post