За Коста

Коста Петров е меѓународно докажан претприемач, експерт за односи со јавност, говорник и најпродаван бизнис-автор во Македонија.

Тој е основач на P World, светската, водечка агенција за настани, која работи во 40 земји низ светот, вклучувајќи ги САД, Канада, Малта, Норвешка, Турција, Иран, Египет, Катар, Азербејџан и Јужна Кореја.
Две години по ред, Коста беше дел од листата на највлијателни професионалци за настани во Југоисточна Европа на „Конгрес магазин“.

Со над 40.000 продадени примероци, Коста е и еден од најпродаваните бизнис-автори во Македонија. Во 2019 година тој беше коавтор на песната но и креатор на ПР стратегијата за претставување на Северна Македонија на Изборот на песна за Евровизија во Израел.

Тој е редовен дописник за американското издание на „Хафингтон пост“ и редовен говорник за односи со јавност, лидерство и претприемачи на различни настани во светот.

Од 2019 година Коста е и потпретседател на СДСМ, владејачката политичка партија во Северна Македонија.

Галерија Слики



Автентичноста на Коста лежи во неговата способност да привлече различни, но проверени таленти и да им даде слобода да ја заинтересираат публиката со стилови, кои се лични, спонтани и колегијални.


— Мери Џо Џејкоби, американски, претседателски советник, корпоративен директор, стратег и поранешен раководител за комуникации, HSBC, Lehman Brothers, Royal Dutch Shell и BP America.

Книги



Никој не рече дека ќе биде лесно


За да го создадеме чудото што толку многу го посакуваш, ќе мора да тргнеме кон едно место. Едно тајно место. Место каде што има доволно чуда за сите нас.

Во тоа место живеат сите твои соништа. Тоа место ќе ти ја даде можноста за првпат во твојот живот навистина да ја почувствуваш среќата.

Ќе дојдеш ли со мене? Следи ме.



Тајните на светските PR експерти


„Книга, која мора да се прочита.“
Барт де Врис, претседател, IPRA

„Неверојатна книга.“
Џамал Ел Мауед, Rolls-Royce Motor Cars Limited

„Ова не треба да помине незабележано.“

Ендру Виџер, Pfizer

Во „Тајните на светските PR-експерти“ се собрани погледите на избрани, интернационални експерти во индустријата и лидери на мислењето во областа – секој од нив ги споделува своите лични согледувања во посебни поглавја на клучни теми.
Без разлика дали сте професионалец во индустријата, академик, претприемач, сопственик на бизнис или студент, во која било фаза од вашата кариера, оваа книга ќе ве доведе во чекор со она што се случува во индустријата сега, преку низа јасни факти, статистики, објаснувања, истражувања на случаи и рамки.



Нашето последно кафе


Ова е книга за сите борци. Книга за луѓето кои не се откажуваат. Книга за луѓето кои ја гледаат светлината и во најтемните моменти на животот.

Од авторот на Се гледаме на врвот и Стравот, ни доаѓа уште една книга која ќе нè соочи со себе, со сопствените стравови, изговори, самонаметнати граници и откажувања, но и ќе ни покаже како да ги ослободиме своите потенцијали и да го достигнеме личниот максимум.

Затекнат од загубата на многу блиска личност и соочен со кршливоста на животот, Петров решава да напише книга-обраќање, како потсетување дека животот се живее, а не се случува. Оваа книга е силно освестување за да се разбудиме и да не го земаме животот здраво за готово, туку од него да направиме искуство вредно за живеење, приказна вредна за споделување, живот по наша мера. Споделувајќи ги своите животни искуства, иницијациски предизвици, мисли и размисли, авторот ни раскажува како да се соочиме со парализирачкиот страв и со предизвиците што ни ги сервира животот, како да се справиме со луѓето кои нè повредуваат… Како да не се откажуваме од своите соништа, да го најдеме мирот и да направиме подобра верзија од себе.

Правилото е едноставно. Ништо во нашите животи нема да се промени ако не се промениме себеси.



Стравот


Во својата прва книга, „Се гледаме на врвот“, Коста Петров ги открива своите тајни на успехот, каде стравот како тема е само начнат како една од препреките на тој пат. Затоа беше сосема природно оваа чудовиштна и неоснована емоција, што претставува пречка во секојдневното себереализирање, да добие свое четиво. „Стравот“ е повеќе од книга,тоа е повик за будење и повик на битка со нашиот најголем непријател, нашето его и неговата најмоќна алатка – Стравот.

Низ несебичното споделување на личните искуства, мисли и чувства, Коста Петров храбро нè води низ нашата психолошка битка, битката која секој од нас треба да ја добие за да може да го живее сето она што Универзумот го подготвил за него. Со својот јасен, сликовит и енергичен јазик, поткрепен со активизам, тој го поттикнува читателот на решителност и на храбро делување.

„РАЗБУДИ СЕ! Еден ден, кога веќе нема да бидеш на оваа земја и кога ќе треба да се сретнеш со творецот, тој нема да те праша зошто не живееше како мене, или зошто не живееше како Мојсеј или како Робин Шарма. Тој ќе те праша: „Зошто не го живееше животот што требаше да го живееш?”. Токму поради ова твоја морална одговорност е да го победиш стравот! Подготвен?”



Се Гледаме на Врвот


Преку 10.000 луѓе во изминатите три години ги посетија елитните настани на компанијата Пи Ворлд. Како глобален лидер во својата област, компанијата секојдневно соработува со најголемите светски брендови и ја менува бизнис- реалноста во над 50 земји ширум светот. А сето тоа го прави токму оттука, од Македонија.

Во „Се гледаме на врвот“, Коста Петров, дваесет и деветгодишниот основач на компанијата, ве води на патување низ својата животна приказна полна со неверојатни моменти, со подеми и со падови, пријатни и непријатни искуства кои се неодминлив дел од „патот по кој поретко се оди“. А за оној што ќе го избере тој пат и што ќе истрае на него, на крајот го чека заслужената награда. На своето возбудливо патување, Коста Петров се соочува со големи- те можности на Америка, со горчливите сценарија на Прага, со луксузниот бизнис-центар Дубаи, но и со реалноста на креирање на глобален бренд од Македонија. Се гледаме на врвот е книга за сите оние што верува- ат дека во животот сите се создадени за големи нешта. Влезете во светот каде што сè е можно.

„Книгава ќе има многу читатели. Зошто? Затоа што споделува скапо платени животни лекции со јасна цел: животот да биде подобар со нас. Апликативна духовност достапна секому!“ — Јагода Михајловска-Георгиева, писател